Home » Македонската филхармонија го одржа концертот на отворено „Одисеја 2024“

Македонската филхармонија го одржа концертот на отворено „Одисеја 2024“

by culturalchat

Во Градскиот парк во Скопје, Македонската филхармонија го реализираше традиционалниот концерт „Филхармонија на отворено“. Како што информираа оттаму, концертот насловен „Одисеја 2024“ е инспиран од филмот „2001: Вселенска одисеја“ на режисерот Стенли Кјубрик.Под диригентската палка на маестра Дијана Имери Илкоска, беа изведени музички теми од големите композиторски имиња од светот на класичната музика: Моцарт, Бетовен, Штраус, Росини, Хачатуријан, Елгар, Хендл, Пук и Шостакович, кои ги одбележаа маестралните филмови: „Одисеја 2001“, „Пеколен портокал“, „Бери Линдон“ и „Очи широко затворени“.Кјубрик на музиката гледал како едно од најмоќните оружја во неговите уметнички остварувања, па затоа и неговиот избор на дела бил мошне деликатен. Токму музиката на класичните композитори, ги прави филмовите на Кјубрик дотолку повеќе препознатливи, давајќи им посебна драматургија и естетика. Како гостин вокал се претстави извонредната Елена Васова. Намерници и случајни минувачи го исполнија тревникот на паркот и беа сведоци на незаборавно доживување со ОДИСЕЈА 2024.

Related Articles